(ВИДЕО) Новинар постави прашање, Роналдо му го фрли микрофонот во езеро

Селекцијата на Поругалија вечерва игра клучен натпревар против Унгарија на кој ќе брка пласман во осминафиналето.

Избраниците на Фернандо Сантош утрово се релаксираа со прошетка низ Лион, но очигледно тензијата во тимот по нерешените натпревари против Исланд и Австрија се уште е присутна.

Кога новинар на весникот Корејо де Мања му пристапи на Кристијано Роналдо да го праша за мислење за дуелот со Унгарија, капитенот на Португалија наместо одговор му го зема микрофонот од рака и го фрли во езеро.

Најчитани вести