Објавен е трејлерот за новиот, десетти дел од приказната „Брзи и бесни“ наречена „Fast X“, во кој главните улоги ќе ги толкуваат Вин Дизел и Џејсон Мoмоа.
Во трејлерот може да се види дека Момоа, кој се прослави со улогата на „Аквамен“ и „Кал Дрого“ во „Game of Тhrones“, ќе биде главниот негативец Данте, а во филмот заедно со Дизел, Мишел Родригез, ќе се појават и Натали Емануел и Хелена Мирен.
Премиерата на филмот е закажана за 19 мај, а фановите, судејќи според коментарите под трејлерот на „YouTube“, со душа го чекаат.


