Мајката Британи Кристијана (Brittany Christiana) неодамна на социјалните мрежи сподели видео на кое на дело покажува зошто не може да биде тажна покрај нејзината ќерка Лили.
Во клипот гледаме како малото девојче веднаш притчало во собата штом слушнала како мајка ѝ плаче. Нејзината прва реакција била да праша зошто плаче, што не е во ред. Кога Британи ѝ објаснила дека имала тежок ден, Лили брзо смислила начин како да ѝ помогне да се чувствува подобро.
Прво ја прегрнала, а потоа се погрижила мајка ѝ да остане хидрирана.
„Ќе ти донесам сладолед и вода“, рече малото девојче во видеото.
Пред да излезе од собата, Лили направи неколку смешни фаци за да ја насмее мајка си. За среќа, успеа, а Британи почна да се смее.
За кратко време Лили се врати со вода, како што вети, сладолед и чоколадо. Таа возбудена ѝ рече на мајка си дека ќе си поиграат веднаш штом мајка ѝ јаде. Мајката целосно ја освоија постапките на ќерка ѝ.
Многу корисници на Инстаграм исто така беа воодушевени; видеото собра повеќе од 46,2 милиони прегледи и 3,8 милиони лајкови.


