Можеби звучи грубо, но ова е дел од нивната едукативна програма за која се верува дека ги одржува здрави и имуни на бројни инфекции.
„Малите палавковци прво се загреаат во сауна, а потоа излегуваат надвор на традиционално капење со ладна вода“, изјави за „Дејли меил“ портпарол на одделот за образование во Краснојарск.
Оксана Каботко (45), воспитувачка и тренер по пливање, изјави дека го избегнуваат овој вид „образование“ во случаи кога е многу студено, односно ако температурата падне на минус 25 степени Целзиусови.
За ова, посочува, имаат одобрение од родителите на децата, но исто така додава дека повеќето мајки и татковци апсолутно се согласуваат со политиката на градинките. Пред да ги пуштат на снегот и да истурат вода врз нив, децата учат како да дишат правилно во тој момент.
Каботко вели дека децата кои одат ја користат оваа техника со туширање на снег се поизбалансирани и оптимистички расположени.
-Тие се и подобро организирани. Ова мора да се прави секое утро, а за тоа треба волја. Не принудуваме никого – објасни воспитувачката.
Нејзината колешка вели дека лекарот исто така потврдил дека децата кои „се тушираат на снег“ многу полесно ја „поминуваат сезоната на грипот“.
]]>


