Видео од мајмун додека јаде банана стана хит на интернет само поради еден детаљ: Така и јас правам

Видео, што беше објавено пред два дена на „TikTok“, веднаш стана хит на интернет, а повеќе од 11,5 милиони луѓе го гледале само на социјалната мрежа Твитер. Она што особено многумина воодушеви е начинот на кој мајмунот ја јаде бананата.

Откако ја излупи кората, делот од бананата што повеќето од нас го фрлаат се и влакнестите жили. Тие на бананата ѝ овозможуваат правилно распределување на хранливите материи од растението, а според видеото, ниту мајмуните не ги сакаат нив.

Многумина на Твитер беа воодушевени од фактот што мајмунот ја исчисти бананата и од овие жили и признаа дека го прават истото, додека за другите оваа реакција на мајмунот им изгледаше премногу човечка.

https://twitter.com/ClareHymer/status/1273927779260792833
]]>

Најчитани вести