(ВИДЕО) Онлајн самоубиство: Наместо да го спречат го бодреле да оди до крај

20 годишниот Стивен го снимил својот обид за самоубиство. Се напил еден грст лекови, потоа пиел вотка, и на крајот ја запалил својата соба. Сето ова преку сајтот „4chan“ во саботата го следеле 200 гледачи кои го храбреле да оди до крај!

Тој од под кревет, под корисничко име LOLDoge, продолжил да постира пораки.

– Како човек кој е на овој чат од 2004 ќе направам „an hero“ (онлајн сленг за самоубиство) пред сите вас. Се што барам е да ме линкувате еден час и така да можете да следите се во живо“ напишал Стивен кој и од под креветот испраќал пораки мислејќи дека тоа му се последните минути живот. Напишал – мртов сум, о боже горам.

Се кренал чад поради кој не се гледало што точно се случува. Во еден момент пожарникари влегуваат во собата на момчето и го извлекуваат од под кревет.

Дали го преживеал обидот за самоубиство не е познато.

Според сличните несреќни случаи, има повеќе претпоставки што се случило со Стивен. Некои медиуми го поврзуваат со пожарот во Питсбург во кој настрада маж, а други со пожарот во студентски дом во Канада во кој е повредено едно момче.

Најчитани вести