(ВИДЕО) Ова бебе освои милиони луѓе: Тоа е ѕвезда на мрежите, а кога ќе се насмее создава магија која ги топи срцата

Многу луѓе често велат дека сите бебиња се убави, иако тоа не е точно. Сепак, навистина има и такви кои освојуваат со својата необична убавина. Една од нив е Дејзи бебе чии видеа на Тик Ток имаат милиони прегледи. Дејзи има прекрасни сини очи, но она што ги привлекува луѓето е нејзината насмевка, пишува Република.рс.

Милиони прегледи

Нејзината мајка редовно објавува снимки од малото девојче како ги прави најслатките изрази на лицето што некогаш сте ги виделе. Кога ќе се насмее и ќе ја покаже својата насмевка со само неколку забчиња, се создава магија која ги топи и најтврдите срца. Таа веќе е ѕвезда на социјалните мрежи, па нејзините вирални видеа имаат по 7,8 милиони прегледи.

@thecutestbabydaisy

it was seconds away from being a disaster 🤯 the nails clawing in 🥵🥵 #baby #cute #babytok #babiesoftiktok #fyp #viral

♬ Oh No – Kreepa

На една од последните снимки што нејзината мајка ги објави на интернет, се гледа дека Дејзи која се радува на балонот. Додека седи во количката, таа нежно го допира розовиот балон со прстите, а потоа се насмевна и ги освои сите.

– Беше неколку секунди до катастрофа бидејќи ги туркаше ноктите во балонот – напишала нејзината мајка во оваа објава.

Следеа бројни коментари, а многу следбеници едногласно заклучија дека Дејзи е најслаткото бебе на светот.

– Таа има божествени очи, се надевам дека ќе ја има таа боја и кога ќе порасне.

Најчитани вести