Семејството се обидело да ги прикрие неговите злосторства и полицијата не добила впечаток дека тие му објасниле дека прави нешто погрешно. Кога селаните почнале да го распрашуваат, тој бил среќен додека раскажувал за тоа што го направил. Дури и им помогнал да најдат едно од телата. Амардип детално ги опишал своите злосторствата. -Таа спиеше во училиштето. Ја однесов надвор и ја убив со камен, па ја закопав, раскажал Амардип за убиството на последната девојка. Полицијата утврдила дека ја зборува вистината кога го нашле телото на шесмесечната Кушбо во плиток гроб што Сада им го покажал. Обдукцијата покажала дека таа е со скршен череп, најверојатно направен со камен или тула. Случајот го привлече вниманието на медиумите и психолозите, а еден од нив, Самшад Хусеин, изјавил дека детето е најверојатно садист кој ужива да повредува. Според друг психолог, тоа само не ја знае разликата меѓу доброто и злото. На крајот му е дијагностицирано нарушување во однесувањето. Се верува дека неговиот проблем може да се излечи успешно. На дете кое извршило посебно ужасни злосторсторства во САД може да се суди како возрасен. Во Индија, законите се поинакви, така што дозволуваат Сада да ги избегне повеќето правни последици. Најострата казна што можел да ја добие е три години во поправен дом. Не се објавени информации за неговата состојба и пресуда. Амардип контактирал со медиумите во 2015 година и ги информирал дека е во поправен дом за млади каде што ќе остане до својата 18 година. На неговиот роденден во 2016 година, тој е ослободен, а наводно го има променето и своето име за да ја зачува приватноста. ]]>


