(ВИДЕО) Овации за Џорџ Клуни и Бред Пит: Милениците на жените пристигнаа на филмскиот фестивал во Венеција

Актерите Џорџ Клуни и Бред Пит заедно се појавија на филмскиот фестивал во Венеција.

Бред Пит во Венеција пристигна порано со неговата девојка Инес де Рамон, додека Клуни дојде во Италија со сопругата Амал.

Aктерите на фестивалот го промовираат новиот филм „Волци“, а појавувањето на Клуни и Пит предизвика големи овации, а најмногу им се израдуваа дамите.

Клуни и Пит дојдоа со брод и трпеливо им позираа на насобраните новинари.

Најчитани вести