(ВИДЕО) Пилот приземји авион со искршени прозорци на кабината

Пилотот Александар Акопов кој работи за турската компанија Атлас Глобал, награден е со украински „Медал на храброста“, откако приземји видно оштетен патнички авион на аеродромот Ататурк во Истанбул, по силната бура која го погоди градот.

Катастрофата се случила само десет минути по полетувањата на авионот на Атлас Глобал од истанбулскиот аеродорм. Авионот достигнал висина од 1.300 метри, кога градот кој паѓал ги скршил прозорците во кокпитот и оневозможил пилотот да го гледа спуштањето.

Тој со својот херојски подвиг ги спасил животите на 121 патник и шестмина членови на екипажот.

Акопов вели дека со колегите подоцна го славел својот „втор денден“, откако успеа да се избори со леталото при исклучен авто-пилот и град со големина на јајце.

– Летам 30 години. Патниците се живи, сето тоа е нормално. Тоа е нашата професионалност, изјави пилотот.

– Нашиот локатор не го покажуваше невремето, па поради тоа дојде до сето ова. Беше тешко, но главно е дека луѓето се живи, вели Акопов.

Најчитани вести