Бизарни видео снимки направени во Кабул се објавени на социјалните мрежи. На нив се гледа како талибанците се забавуваат во лунапарк откако го освоиле градот.
Во меѓувреме на интернет исто така објавена е и шокантна фотографија направена во внатрешноста на еден авион со кој Авганистанците се обидуваат да го напуштат Кабул. Дури 640 Авганистанци се натуткани во авионот, во кој нормално се превезуваат 150 луѓе.