Црната дупка, која астронаутите успеале да ја фотографираат е со пречник од 40 милијарди километри – три милиони пати поголема од Земјата. Научниците ја опишаа како „монструозна“. Црната дупка се наоѓа 500 милиони трилиони од Земјата, а фотографијата е направена благодарејќи на мрежа од осум телескопи поставени ширум светот. Професорот Хаино Фалке од Радбод универзитетот во Холандија, кој и го предложи експериментот, соопшти дека црната дупка е пронајдена во галаксијата М87. -Она што го гледаме е поголемо од целиот наш Сончев систем. Потешка е 6,5 милијарди од Сонцето и е една од најтешките постојни црни дупки. Апсолутно чудовиште. Шампион на универзумот во тешка категорија на црните дупки, со боксерски речник јас опиша црната дупка професорот Фалке. ]]>


