Хрватската пејачка Јелена Розга вчера својот својот 38-ми роденден го дочека на концерт во Прилеп, а таму ја чекало големо изнанедување кое и го приредиле обожавателите.
Точно на полноќ, оркестарот засвирел, а публиката ја запелата роденденската песна, а на сцена пристигнала голема роденденска трта. По изведбата на „Среќен роденден“ публиката почнала да вика „Јелена ние те сакаме“.
Розга многу емотивно реагирала на овој убав гест на македонската публика, а снимката со изненадувањето го објави на својот профил на Фејсбук.
– Ова навистина беше посебна ноќ. Ви благодарам на убавите желби. Ве сакам до небо, вие ме направивте најсреќна на светот – порачала Розга.


