(ВИДЕО) Погленете ја најавата: Ново реално шоу за Георгина Родригез, вереницата на Роналдо

По успехот на првата сезона на реалното шоу „Soy Georgina“ за животот на Георгина Родригез, новата сезона ќе се појави на платформата Нетфликс во март.

Веќе е објавено и кратко видео што го најавува враќањето на серијата која го следи животот на девојката на еден од најдобрите светски фудбалери – Кристијано Роналдо.

Серијата влезе во топ 10 најгледани на глобалната листа на стриминг платформата, а набрзо беше објавено дека ќе се снима и втора сезона.

Од тизерот не е јасно што носи новата сезона, но на шпанскиот фестивал посветен на телевизијата наречен „FesTVal“ во септември, беше прикажан клип од претстојната втора сезона каде што беше откриено дека ќе зборува и за семејната трагедија на губењето на синот.

Најчитани вести