Со мотoр од 1.600 кубици и струмичка регистарска табличка што ги носи неговите иницијали, на форумот Делфи во Грција пристигна поранешниот премиер, Зоран Заев, во придружба со поранешниот министер за здравсто Венко Филипче.
Како што изјави Заев за грчкиот интернет портал Вориа, патувањето почнало на 22 април од Скопје. Оттаму со својот голем мотор возел низ областите на Западна Грција, а потоа отпатувал за Пелопонез.
Вчера попладне Заев пристигнал во Делфи, каде што ќе биде говорник на 8. „Делфи економски форум“.
На прашањето на Вориа.гр, дали за време на неговата посета на Грција се среќава со луѓе кои сé уште се против Договорот од Преспа, Заев изјави дека многу Грци велат дека позитивно размислуваат, додека други велат „Не ми се допаѓа Договорот, но ми се допаѓате затоа што сте добра личност“.


