Денеска е најтешкиот ден за цела Македонија.
Во тек се погребите на 59-те жртви од страшниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани.
Пријателите и познаниците на загинатите со црни маички на кои пишуваше „Почивајте во мир ангели наши“ тргнаа да оддадат почит за последен пат кон своите најмили.
Погребната церемонија во Кочани ќе се одржи во 12 часот а со неа ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна Црква -Охридска архиепископија г.г. Стефан.
Се апелира за достоинствено и христијанско однесување.
Погребната церемонија ќе се одржи по посебни протоколи, а на и околу местата на погребите ќе бидат распоредени поголем број на лекарски тимови и вода за пиење.
Извор: Тв21


