(ВИДЕО) Пратеник снимен како шмрка хероин во парламент

Пратеникот е снимен како шмрка хероин за време на парламентарна сесија во непозната арапска држава, јавува emirates247.com , Повикувајќи се на кувајтскиот весник alanba.

Во видето кое трае четиринаесет секунди добро се гледа како народниот избраник од џебот вади кутивче, од кое на горниот дел од дланката става некаков прав и го вшмркува. На кратко го прекинува колегата, но е нејасно што му вели.

Според информацијата, оваа снимка предизвикала лутина кај оние кои ја виделе, иако не е јасно во која земја од арапскиот свет е снимена.

ИЗВОР: Први.мк