(ВИДЕО) Премиерот Заев со Владини претставници во посета на повредените згрижени во „8 Септември“: Ја споделуваме тагата што ја чувствува јавноста, даваме поддршка за повредените, тука сме да помогнеме, благодарност на сите што помогнаа

Министерот Филипче изрази сочувство до семејствата на загинатите и се заблагодари за помошта на локалното население и за брзата реакција на службата на Итната медицинска помош и на приватните медицински институции кои професионално и навремено реагирале во пружањето на помош на повредените. „Осумдесет проценти од медицинскиот персонал се јави на работа за краток временски интервал, за 15 минути, кои примија голем број на пациенти, кои ги сместија на соодветните оддели за лекување во болницата „8 Септември“ и Клиничкиот центар во Скопје“, рече министерот Филипче, кој информираше подетално за состојбата на повредените хоспитализирани пациенти. Премиерот Заев и министрите изразија задоволство што пациентите кои ги посетиле се надвор од животна опасност и им упатија желби за што поскоро оздравување на сите повредени. Во врска деталите за несреќата, беше речено дека истрагата под раководство на надлежен јавен обвинител е во тек од вчера, по направениот увид на местото на несреќата заедно со службите на Министерството за внатрешни работи ]]>

Најчитани вести