Педесет и две годишниот Ѓ.Л. од Скопје и 49-годишниот З.К. од Велес се двајцата новоосомничени во случајот „Пуч“ кои се идентификувани како соработници со веќе пријавените во истоимената полициска обработка.
Во претресите во нивни домови и други локации билсе пронајдени голем број на материјали, запленети се 5 лаптоп компјутери, три куќишта од компјутер, 19 мобилни телефони од кои 6 со сим картички, 100 CD и DVD, 110 видео и аудио касети, 14 флопи дискови, 17 хард дискови, како и 9 штедни книшки кои дополнително ќе бидат предмет на вештачење.
Двајцата осомничени по поднесената кривична пријава за шпионажа и насилство спрема претставници на највисоките државни органи се изведени пред судија на претходна постапка.


