На социјалните мрежи протече видео од рускиот генерал и заменик началник на руските копнени сили, одговорен за воено присуство во Белорусија, како игра стриптиз. Тој е поранешен член на влијателниот московски Совет за безбедност и важеше како човек на Путин во федералниот округ Северен Кавказ, стратешки важен регион за Русија.
Видеото од 44 секунди било споделено на Телеграм, а во него може да види како генерал-полковник Александар Матовников танцува гол на музика. Во пораката објавена со видеото се вели дека е „страствен познавач на ресторани и дами во Минск“.
Се додава дека „сака одговорноста за донесување одлуки да ја префрла на неговите подредени службеници. Генералот повеќе се занимава со создавање на слични видео содржини за своите девојки“.
Британски Телеграф пишува дека ова е традионална тактика во Русија, објавување на компромитирачка содржина, и на овој начин сакаат да го казнат Матовников за неговиот неуспех што наводно им овозможил на белоруските партизани вчера да ја нападнат воздухопловната база Мачулишчи кај Минск и да го оштетат авионот А-50.
Rusya Kara Kuvvetleri Başkomutan yardımcısı Aleksandr Matovnikov’un çıplak dans ettiği videolar sızdırıldı.
— Medyanın Elli Tonu (@Medyanin50Tonu) February 28, 2023
pic.twitter.com/XPGcwx4gvB


