Додека сите со нетрпение ја очекуваат премиерата на новиот режисерски обид на Анџелина Џоли, драмата „Покрај морето“ (By The Sea), во кој таа и нејзиниот сопруг Бред Пит повторно се заедно пред камерите, објавен е и првиот трејлер.
Славните сопружници во филмот играат брачна двојка која се соочува со сериозни проблеми, а интересно е дека трејлерот е објавен истиот ден кога поранешната сопруга на Бред – Џенифер Анистон се омажи за Џастин Теру.

Пооследен пат Бред и Анџелина глумеа заедно пред 10 години, во филмот „Господин и госпоѓа Смит“. Бред тогаш беше во брак со Џенифер, која ја остави поради Анџелина.
Драматичниот трејлер не открива многу, но ги прикажува сцените во кои актерката плаче и му удира шлаканици на својот сопруг.
Имено, ова е првиот трејлер за филмот „Покрај морето“ кој го следи американскиот писател Роланд (Бред Пит) и неговата сопруга Ванеса (Анџелина Џоли), кои доаѓаат во мирното и идилично одморалиште на море во Франција во ‘70-тите години. Нивниот брак очигледно е во криза. Додека го поминуваат времето со другите патници, вклучувајќи ја и брачната двојка Леа и Франсоа и мештаните од тоа село, Мишела и Патрик, двојката ќе почне да ги прифаќа нерешените проблеми во својот живот.


