(ВИДЕО) Путин на обожавателите во Милано им пратил бакнеж

Рускиот претседател Владимир Путин е снимен како во Милано ги поздравува обожавателите – со бакнеж.

По учеството во рамките на саемот Експо, при излегувањето тој им мавнал на насобраните, се насмеал, а потоа им упатил бакнеж.

Путин во светот е познат како еден од најсериозните политичари, кој ретко некогаш прави нешто невообичаено, па овој негов потег изненади многумина.

Видеото што го објави Раша тудеј предизвика голем интерес на интернет.

Најчитани вести