(ВИДЕО) Koстадинов: Раст на гринфилд инвестициите од 200 отсто, економијата расте

-Освен растот на гринфилд инвестициите и вработувањето, имаме раст и на извозот. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, во првите пет месеци од годинава, извозот е зголемен за 14,8 отсто во споредба со истиот период од минатата година. Ова се само дел од последните податои што ја докажуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ, посочи Костадинов. -Довербата во економијата е вратена, се реализираат нови инвестиции, расте индустриското производство, невработеноста опаѓа. Зборот важи. Како одговорна партија дадовме збор, се посветиме на развој на економијата, нови работни места, повеќе пари и подобар животен стандард на сите наши граѓани, порача Костадинов. ]]>

Најнови вести

Најново од Економија, Ударни вести

Најчитани вести