Кристијано Роналдо не требаше да му го направи ова на Мануел Пабло.
Роналдо со дриблинг го „измести“ Пабло во првото полувреме на натпреварот во кој Реал Мадрид извојува победа од 2:0 над Депортиво Ла Коруња во шпанското првенство. Пабло (39) се обиде да остане на нозе, но Роналдо со дриблингот “elastico” направи одбранбениот играч на Депортиво да ја изгуби рамнотежата и да падне на тревата.


