(ВИДЕО) Русин се врзал за вратата на „Мекдоналдс“: Ова е непријателство кон целиот руски народ

Пијанистот Лука Затравкин, синот на познатиот руски сликар Никас Сафронов вчера го кренал гласот против затворањето на „Мекдоналдс“ во Русија, а за ситуацијата ја смета за одговорна руската администрација. Затравкин се врзал со лисици на вратата од ресторан на Мекдоналдс на плоштадот Пушкин во Москва.

„Нема потреба да се затвораат. Кои се причините за тоа? Ова е непријателство кон целиот руски народ, ова е чин на насилство“, изјавил пијанистот за време на протестот, по што бил приведен во полициска станица.

https://www.youtube.com/watch?v=G1g6rUNQpY0&feature=emb_title

„Мекдоналдс“ синоќа на полноќ ги затвори вратите на сите ресторани во Русија. Иако нема да работат 847 ресторани, Мекдоналдс најави дека ќе им исплаќа плати на 62.000 вработени, а тоа ќе го прави преку непрофитната организација „Ronald McDonald House Charities“.

Во пресрет на затворањето, Русите побрзаа да изедат уште по еден оброк, а рестораните беа преполни.

https://twitter.com/nexta_tv/status/1503042937554444298
]]>

Најчитани вести