(ВИДЕО) Руски пилот тврди дека гаѓале кон цивилни објекти: Сакам одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата

Потполковникот Криштоп Максим Сергеевич бил соборен на 6 март и заробен од украинските сили, пренесе украинската „Интерфакс“. Тој на прес конференција во петокот изјави дека извршил три мисии.

„Во процесот на извршување на задачите сфатив дека целта не ни се непријателски воени објекти туку станбени згради, мирни луѓе. Но, јас ја извршив криминалната наредба“ – изјавил тој за „Newsweek“.

„Business Insider“ информираше дека рускиот претседател Владимир Путин рекол дека цивилите нема да бидат цел на инвазијата, но досега неговите сили бомбардираа неколку градови, што резултираше со голема бегалска криза и над 1.546 потврдени украински цивилни жртви.

Криштоп, кој служел како заменик-командант на 47-от авијациски полк, рече дека користеле бомби ФАБ-500, експлозив од 500 килограми, што често го користи руската војска. Неодамна беше објавено и видео на кое се гледа како двајца Украинци деактивираат слична бомба во Чернихив во северна Украина.

https://twitter.com/DmytroKuleba/status/1500518858263830532

-Сакам да побарам прошка од целиот украински народ за несреќата што му ја донесовме. Ќе направам се што е во моја моќ за да заврши оваа војна што е можно поскоро и лицата одговорни за овој геноцид на украинскиот народ да бидат изведени пред лицето на правдата, рече тој.

Според Вашингтон пост, Украина веќе имала неколку слични конференции со затвореници во обид да се справи со руската пропаганда за војната.

https://www.youtube.com/watch?v=W7UpswG_WrE&feature=emb_title
]]>

Најнови вести

Најново од Свет, Ударни вести

Најчитани вести