(ВИДЕО) Руслана со повик до Меѓународната агенција за атомска енергија

Украинската пејачка Руслана, која победи на „Евровизија“ во 2004 година, продолжува да информира за случувањата во Украина преку незините профили на социјалните мрежи. Пејачката упати повик до Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) обраќајќи се преку видео објавено на нејзиниот профил на Инстаграм.

„Украина ја повикува Меѓународната агенција за атомска енергија да создаде околу 30 километри безбедна зона околу украинските нуклеарни централи. Во моментов најзагрозена е ситуацијата во Запорожје – најголемата нуклеарна централа во Европа. Руската армија во моментов експлицитно ги тероризира вработените во електраната… Русија го става светот во опасност од катастрофа“, напиша Руслана покрај видеото.

Откако почна т.н. руска специјална воена операција, Руслана неколку пати се обраќаше преку социјалните мрежи. Таа го повика американскиот претседател Џо Бајден и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, да го заштитат украинското небо, а во едно свое обраќање порача дека Путин мора да плати за неговите грешки.

]]>

Најчитани вести