(ВИДЕО) Се бореше со мечка и загуби 2:1, MMA борец ги шокираше фановите со неговиот тренинг парнер

Швајцарскиот ММА борец со јапонско-перуанско потекло Јасубеј Еномото (39) се подготвува за мечот против Русинот Александар Шелменко во Москва, а во рамките на тренингот си ги проба силите со голема мечка.

„Денес го имав најсилниот тренинг партнер. 2:1 за него. Мечокот Том ме подготвува за борбата во Москва“, напиша Еномото на Инстаграм.

Пензионираниот ММА борец од Дагестан, Хабиб Нурмагомедов е најпознат по борбите со мечки. Кога Нурмагомедов стана популарен, се појави и ведео со него како уште на три години се бори со младенче мечка.

Еномото и Шелменко ќе се борат во Русија по кикбокс правила. Швајцарецот во кариерата има 37 борби, од кои 23 победи и 14 порази. Шелменко во 76 борби има 61 победа и 15 порази, пишува „Index.hr“.

Најчитани вести