Хрватскиот репортер Петар Влахов веднаш стана хит на социјалните мрежи поради неговото необичното вклучување во Дневник 2 на ХТВ од завојуваниот Израел!
Влахов се појави со кацига на главата и речиси лежејќи на земја, давајќи сигнал дека ситуацијата е многу ризична и дека насекаде паѓаат бомби, но зад него имаше две жени кои лежерно си стоеја покрај автомобилот и си пишуваа на мобилните телефони.
За оваа ситуација на социјалните мрежи се појавија бројни коментари и непримерни шеги, а многумина ја потценија опасноста во која се наоѓал Влахов.
Петар, кој моментално е во Тел Авив, откри што точно се случило додека се вклучувал во дневникот.
„Не ми беше се едно, многу ме потсетуваше на војната во татковината. Сè помина добро. Нападот траеше околу две минути и за среќа без последици“ – изјави Петар за Вечерњи.
Репортерот наведува дека во моментот на нападот бил на обиколка на населба во близина на Ашкелон на западот на Израел.
„Со оглед на тоа што таму често има ракетни судири, во багажникот носевме панцири и шлемови обезбедени од амбасадата. За време на патувањето добив СМС порака дека за помалку од една минута ќе има ракетен напад во областа низ која се движиме. Ги оставивме возилата по протокол и ги земавме кацигите и чекавме да помине нападот“, објаснува Петар.
Тој наведува дека нема ништо против корисниците на социјалните мрежи, но нема разбирање за одредени колеги и медиуми кои му се потсмеваа на неговото вклучување.
„Причината поради која другите гледаа во нивните мобилни телефони беше тоа што чекаа порака дали ќе има уште еден бран напади. Поради безбедносната проценка се вративме во побезбедниот дел од Тел Авив“, вели Влахов.
Hırvat gazeteci Petar Vlahov, hava saldırısı sırasında yayına bağlanmış gibi yaptığı için alay konusu oldu. Yerde yatarak yayına bağlanan Vlahov'un sunumu sırasında, arkada insanların sakince ve ayakta durduğu görülüyor. pic.twitter.com/PQTEuRoBqh
— Erkin Öncan (@erknoncn) October 12, 2023


