(ВИДЕО) Се зачади во Париз: Снуп Дог во свој стил го носеше олимпискиот оган пред отворањето на церемонијата

Американскиот рапер Снуп Дог учествуваше во носењето на олимпискиот оган низ улиците на Париз пред свеченото отворање на Олимписките игри кое со нетрпение го очекуваме.

Легендарниот хип-хоп уметник учествуваше во традицијата на Олимписките игри како претставник на следниот град домаќин – Лос Анџелес, Америка. Олимпискиот оган беше пренесен низ улиците на Сен Дени, а неговите хитови се слушаа од публиката.

Снуп Дог, чие полно име е Калвин Кордозар Бродус Јуниор е меѓу неколкуте познати личности кои ја облагородија оваа церемонија, а од почетокот на своето патување во мај, оганот го носеа и поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, возачот на Формула 1, Шарл Леклер , Хали Бери како и Салма Хајек.

Официјалното отворање на Олимписките игри на Сена е од 19:30 часот.

извор: slobodenpecat.mk