Поранешниот вицепремиер и министер за здравство, Имер Селмани, зборуваше за офанзивата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со давање интервјуа и објавување реклами на албански јазик, во обид на придобивање на симпатиите на Албанците во Македонија.
Но, џабе интервјуа по албанските телевизии, ниту еден Албанец не му верува на Груевски, рече Имер Селмани во емисијата „Click Plus“ на ТВ 21.


