(ВИДЕО) Шапуриќ: Тутунските компании поради отежнат пласман годинава склучија договори за максимум 22 000 тони тутун

Последниот откуп на тутун со пониска цена од претходната година, поради послабиот квалитет и со вишок од 4000 тони без договор, можеме да го окарактеризираме како проблематичен каде државата направи се да се извлече максимум од ситуацијата.

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ изјави за Агротим дека за оваа година откупувачите, компаниите, склучија договори на многу помала количина, некаде околу 22.000 тони максимум и најавија дека нема да имаат можности поради отежнат пласман на светскиот пазар да откупуваат повеќе.

-Она што го најавуваат експертите дека 22.000 тони тутун помала количина, секако ако останат поволните временски услови ќе доведе и до подобар квалитет, па и цената ќе биде повисока. Нашата работа лани беше надзор на откупот и извршивме околу 5000 надзори во текот на откупот. Се јави проблем и со еден откупувач од 9 регистрирани, кажа дека нема средства и останаа 500 тони тутун кои потоа ги превзема Тутунски комибинат Прилеп – изјави Шапуриќ.

https://www.youtube.com/watch?v=DMxtpsZPfGQ&t=1s
]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф