Околу Доњецк се водат најжестоките борби меѓу про-руските и украинските сили, а аеродромот е клучот на градот, кој го сакаат двете страни.
Ефектите од воените разурнувања на аеродромот најдобро се гледаат од воздухот.
За Украинците, аеродромот е симбол на отпорот додека за бунтовниците е клучот кој ја отвора вратата за понатамошен напредок во источниот дел на Украина.
Жестоки борби што траеја скоро една година предизвика целосно уништување на речиси сите објекти на аеродромот. Контролната кула, која беше многу оштетена уште во септември, падна минатата недела, а во подобра состојба не се ниту хангарите, терминалните згради и авионите кои тука се најдоа на почетокот на војната во Доњецк.
Погледајте како изгледа аеродромот во Доњецк од птичја перспектива, на снимката која беше снимена од активисти на Украинската асоцијација Army SOS.


