Од почетокот на руската инвазија на Украина, најмалку 1,5 милиони луѓе ја напуштија земјата меѓу кои и многу деца.
Некои, за жал, се принудени сами да тргнат на ова напорно патување. Повеќето бегалци бараат засолниште во Полска, додека други тргнале кон Унгарија, Словачка, Молдавија и Романија.
Екипата на Си-Ен-Ен снимила мало дете како плаче додека ја преминува украинската граница со Полска. Детето со солзи оди пред групата возрасни носејќи пластична кеса и неколку работи во раката.
„Изгледа неверојатно мал, издвоен од другите семејства кои исто така бегаат од војната“, објави Си-Ен-Ен.
„Се надевам Господ го гледа ова“, стои во описот на видеото што се споделува на социјалните мрежи.