Силното невреме што ја зафати Словенија стигна во Загреб, јавуваат хрватските медиуми.
Ветерот носи се пред себе, дури и ги турка ќерамидите од куќите.
Градот Загреб предупреди само во случај на опасност, граѓаните да побараат помош.
Поради невремето, сите линии на различните градски служби за итна помош, од противпожарната бригада до брзата помош, во моментов се зафатени со огромен број повици.
„Ги замолуваме жителите на Загреб да побараат помош само во случај на животна опасност и екстремни вонредни ситуации додека не се стабилизира состојбата“ соопштија од Градот Загреб.


