(ВИДЕО) Синиша Михајловиќ нападна свој играч

Сампдорија и Џенова одиграа 1:1 во градското дерби.

По завршувањето на натпреварот во рамките од последниот меч од 24.коло на Серија А, во центарот на вниманието се најде тренерот на Сампдорија Синиша Михајловиќ кој нападна свој играч.

Српскиот стратег беше лут на Васко Реџини кој во последните моменти од натпреварот направи прекршок за слободен удар од кој Џенова за малку ќе стигнеше до победа.

Михајловиќ по означувањето на крајот на мечот влета на теренот и го фати за дресот својот играч, а потоа го турна. Секако поголем инцидент спречија останатите играчи на Сампдорија.

Најчитани вести