(ВИДЕО) Скокнала гола од 15.кат на клиника по затегнување на лицето

Британката Сандра д`Орил скокнала од 15.кат на клиника на Беверли Хилс само неколку часа по естетскиот зафат.

Истрагата сега се обидува да утврди дали на тој очајнички потег се обидела поради лошата реакција на анестетикот. Според лекарите таа откако се разбудила по операцијата била вознемирана и агресивна. Си ја фрлила целата облека и се качила на кровот од зградата.

Полицијата смета дека се работи за самоубиство и не го открила идентитетот на жртвата.

Меѓутоа нејзин поранешен колега потврдил дека загинала познатата дизајнерка, мајка на две деца.

Д`Орил (53) која работела како дизајнер за накит во Оспри, златарницата на британското кралско семејство, е пронајдена гола покрај солитерот на Беверли Хилс. Нејзе непосредно пред трагедијата и било направнео затегнување на лицето.

Д`Орил е родена во Индија и постојано патувала на реалација Сингапур – Ибица. Секоја година правела по едно парче уникатен накит, кој потоа бил изложуван во Лондон, Париз, Њујорк и Милано. Целиот профит го подарувала на добротворни организации за заштита на мајки и деца.

Омажена е за Французинот Жан д`Орил, поранешен директор на Лореал, кој има козметичка фирма во Хонгконг.

Полицијата не го коментирала самоубиството. Таа била пациент на познатиот естетски хирур на холивудските ѕвезди д-р  Брајан Новак.ж

]]>

Најчитани вести