(ВИДЕО) Снимена вистинска сирена

Видеото почнува како и секоја аматерска снимки, а на почетокот се појавува еден млад човек кој седува на брегот. Сепак, обичниата сцена од реалниот живот одеднаш станува неверојатна кога нешто што личи на сирена се појавува во позадина, излегува и влегува во водата како делфин, пренесе „ИБТ“.

Иако квалитетот на снимката  е обичен, може да се зумира и да се види доволно јасно дека станува збор за нешто необично. 

За жал, под видеото што е поставено на „Јутјуб“ од „MrLegend6“ нема објаснување за што се работи ниту пак каде е снимено.

Можноста за постоење на вистинска сирена долго време е отворена. Постои дури и една група од 20 изведувачи во Флорида, кои настапуваат во подводни шоуа, во кои тие пливаат како сирени.

За вакво пливање потребна е една година обука, посочува „ИБТ“.

]]>

Најчитани вести