(ВИДЕО) Снимката од инцидентот на Саше Политико со Минчо Јорданов

Саше Ивановски – Политико го објави видеото од инцидентот на настанот за одбележување 20 години од постоењето на „Макстил“.

Како што се гледа од снимката, тој се обидел да му постави прашања на бизнисменот Минчо Јорданов по завршувањето на настанот, но не добил никаков одговор туку бил нападнат. Снимката завршува со тоа што Јорданов му го турка телефонот на Ивановски од рака.

Ивановски вели дека Јорданов се налутил кога тој го прашал зошто на ВМРО-ДПМНЕ му ја подарил новата зграда, седиште на паријата, и дали стравува од истрагите на СЈО за тендерите за Скопје 2014.

„Синоќа во 20.40 часот во Полициската станица Центар, С.И. (37) од Кратово пријавил дека истиот ден во 20.00 часот во хотел „Мериот“, во конференциската сала на вториот кат, лицето М.Ј. насилно му го грабнал мобилниот телефон од раце и го оштетил, по што телефонот не му бил функција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во дневниот билтен на МВР.

Најчитани вести