(ВИДЕО) Со лопати вадат пари од познатата Фонтана ди Треви! Ќе се шокирате кога ќе видите колку пари фрлаат туристите секоја година

Туристите секоја година ставаат повеќе од милион евра во Фонтаната ди Треви во Рим.

Фонтаната ди Треви, која се наоѓа во Рим, Италија, е една од најпознатите туристички атракции во светот.

Секој кој ќе го посети Рим, секако не ја пропушта можноста да ја посети оваа прекрасна фонтана, но и да посака желба. Традицијата налага додека стоите со грб кон фонтаната, да земете паричка и да ја фрлите преку рамо, а во исто време да си замислите желба.

На овој начин туристите ставаат и по еден милион евра годишно.

Од 2001 година овие средства се донираат на организацијата „Каритас“. „Каритас“ е добротворна организација на Римокатоличката црква, основана во 1971 година, која опстојува благодарение на донации, а со средствата што ги собира им помага на бездомниците и семејствата кои се соочуваат со финансиски тешкотии.

Иако имаше и други предлози, сепак беше одлучено парите од фонтаната ди Треви да им припаднат на граѓаните на Рим и на оние кои се во најнезавидни финансиски позиции, пренесува telegraf.co.uk.

Неодамна на социјалната мрежа Х се појави видео на кое со лопати се вадат споменатите пари, а како тоа изгледа погледнете во видеото.

Најчитани вести