Mинистерот за внатрешни работи на својата официјална Фејсбук страница ги сумираше резултатите за 2022 година од Одделот за воздухопловни единици.
„Во 2022 Одделот за воздухопловни единици има реализирано значителен број на летови од страна на Хеликоптерска единица за полициски намени.
Потраги и спасување по исчезнати лица – 36 летови
Транспорт на болни до медицински установи – 5 летови
Противпожарни летови – 230 летови“, напиша Спасовски.
Тој исто така нашиша дека за потребите на полицијата извршени се 652 летови, како и 212 летови за обуки и проверки, 224 летови за тренажа и 12 летови за оддржување.
„Хеликоптерската единица за полициски намени, во рамки на МВР постои од 1969 година и е опремена со 3 хеликоптери марка „Бел“.
Катастрофалните пожари од 2021 година беа сигнал за МВР да набави најсовремена опрема. Притоа, како раководство на МВР и на Одделот за воздухопловни единици, ги препознавме овие потреби на државата за поуспешно справување со пожарите, а со тоа и подобра заштита на граѓаните и имотот.
Така, со посебно задоволство би напоменал дека за Хеликоптерот „Бел 212“, обезбедивме најсовремена опрема, оспособен за гаснење на пожари – едно ведро за „Бел 212“ и Симплекс резервоар за „Бел 412“. А, успешно е завршена и меѓународна обука од словенечката полиција и тоа за носење подвесен товар и за гаснење на пожари, за сите пилоти од Хеликоптерската единица за полициски намени“, објави Спасовски и порача дека МВР е сервис на граѓаните во сите сегменти на полициското работење, а заштитата и безбедноста на граѓаните останува врвен приоритет.
„Продолжуваме и во 2023“, вети министерот за внатрешни работи.


