Релевантни меѓународни институции ја рангираа Северна Македонија како најбезбедна земја од Западен Балкан, со скок од 71. место на 40. место во период од 2017-2021.
Имено, во 2017 година на стратешко ниво го поставивме мотото „МВР за граѓаните”, со што го воспоставивме и концептот полиција – сервис на граѓаните. Денес, професионалноста и посветеноста се водилки во креирањето на успешните стратегиски политики за развој на безбедносниот систем во државата. Цврсто сум уверен дека напредокот на Северна Македонија и благосостојбата на граѓаните нераскинливо се поврзани со безбедносната состојба.
Посветено работиме и продолжуваме со реформите и опремувањето на полицијата за понатамошно зајакнување на капацитетите и имплементацијата на европските стандарди, сѐ во интерес на граѓаните.
Фејсбук статус на Оливер Спасовски – Министер за Внатрешни работи
]]>


