Крадците најбрвин притрчале кон стражарите,им се заканиле и ги испрскале со солзавец. Набрзина тие ги префрлиле парите од транспортното возило во нивното возило, а украдената сума пари во овој момент не е позната. Според еден од сведоците, торбата со пари ја набивале во багажникот на аудито и била толку голема што багажникот не можел целосно да се затвори. Набргу потоа, крадците избегале во непознат правец.
Според БИЛД, полицијата открила дека регистарските таблички на возилото биле украдени.
Двајцата чувари се повредени и се наоѓаат во болница, а еден од нив е потешко повреден.
Полицијата го пронашла возилото што одговарало на описот напуштено, а пронајдено е и уште едно ауди, што било запалено. Се уште се проверува кое од овие две возила имало врска со грабежот.


