(ВИДЕО) Српски политичар како рок ѕвезда скокна во публиката


Српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ направи незапамтен потег на еден партиски предизборен собир.

Љајиќ, кој е претседател на Социјалдемократската партија на Србија и основач на Санџачката демократска партија, синоќа, понесен од атмосферата, на митингот во Нови Пазар, се фрли од бината во публика како некаква рок-ѕвезда.

По скокот тој заврши во рацете на своите поддржувачи кои го креваа и спуштаа додека тој ги држеше рацете високо кренати.

]]>

Најчитани вести