Областа околу градот Равена, а особено градот Римини, беше погодена од силна и ненадејна бура проследена со силни ветрови и град, која се случи пред зори, околу 4:30 часот наутро. Бурата прво го погоди брегот во близина на Равена и Червија, а потоа посилно ја погоди покраината Римини, предизвикувајќи поплави.
Улици претворени во реки
Дрвјата биле искорнати, а улиците во некои делови се претвориле во поројни реки, што предизвикало тешкотии во сообраќајот. Властите проверуваат дали има посериозни штети.
Големи штети на плажите и околните објекти
Плажите и капалиштата во Червија и Милано Маритима (Равена) претрпеле сериозни штети поради силните ветрови. Лежалки бле превртени, а покривите и заштитните конструкции одлетале или се урнале, пишува италијанскиот весник ANSA.
Во Римини, градската власт, преку членот задолжен за цивилна заштита Јури Магрини, оценила дека станува збор за „многу сериозен настан“.
Severe Thunderstorm Hits Rimini, Italy.
— Weather Monitor (@WeatherMonitors) August 24, 2025
This morning, Rimini and nearby coastal cities experienced heavy rain and violent downbursts, with gusts reaching 122 km/h (75 mph), creating hazardous conditions. pic.twitter.com/ysza8cqzzL
Поплавени подвозници и подруми
Пет подвозници беа поплавени, од кои во еден останал заглавен автомобил. Полицијата сè уште ги надгледува поплавените улици, водата полека се повлекува бидејќи дождот престанал.
Предупредување до граѓаните
Службениците апелираа до јавноста да не користи дронови и слични летачки уреди, бидејќи противпожарните служби користат свои дронови за да ја проценат штетата од воздух, објави Курир.рс.


