(ВИДЕО) Султанот од Брунеи го ожени синот: Дали е ова најгламурозната свадба во светот?

Синот на султанот на Брунеи, еден од најбогатите луѓе на светот, ги мина сите венчални процедури со Дајанку Раабиатул Адауија Пенгиран Хаџи Болкиа за време на раскошна свадба во палатата на монархот која има 1.788 соби, во главниот град на Брунеи Бандар Сери Бегауан.

sultan_brunei_svadba4

 

Принц Абдул Малик кој има 31 година се обрза на верност со 22-годишната Дајанку Болкиа пред блиски, пријатели, благородници и странски високи функционери сред невиден раскош, пишува “Брунеи Тајмс”.

Младоженците беа облечени во облека од злато, украсени со дијаманти, a невестата држеше во рацете букет од скапоцени камења. Принцот е најмладиот од синовите на султанот Хасан Болкиа и неговата сопруга кралицата Салех. Тој е втор по ред наследник на тронот на Брунеи.

sultan_brunei_svadba

Денешната церемонија беше кулминација на свадбената прослава. На неа младоженците, облечени во  традиционална облека, седеа еден до друг на позлатени престоли во престолонаследничтата соба на палата ИСТАТ Нурал Иман. Тоа беше и прв  пат кога двојката беше видена заедно од почетокот на свадбата, која  започна на 5 април.

 

22-годишната невеста, која работела како аналитичар на системски податоци и Ај-Ти-инструктор, на главата носеше дијамантска тиара со шест огромни смарагди. Вратот, пак, беше украсен со  гердан со три огромни смарагди. За време на церемонијата младенците седеа еден до други и се помолија. Во еден момент, султанот го погали со раката својот син, со што го даде својот благослов за новата невеста.

sultan_brunei_svadba1

Султанот има 12 деца – пет синови и седум ќерки – од три брака. Принцот Абдул Малик е шестото дете на султанот и неговата сопруга кралицата Салех, за која тој се ожени во 1965 година.

По церемонијата имаше луксузен банкет во палатата, на кој беа присутни околу 5.000 луѓе.

sultan_brunei_svadba3

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести