Филмот „Wonder Woman“ , во кој глуми израелката Гал Гадот, заработи повеќе од 620 милиони долари за три недели откако почна да се прикажува во кината низ светот. Ова е најпродаваниот филм во историјата кој го режирала жена. Режисерка е Пети Џенкинс. Таа е позната по крими драмата „Monster“ од 2003 година со Шарлиз Терон. 46-годишната Џенкинс немаше снимано ништо 14 години од меѓу тој филм и блокбастерот со Гал Гадот. Во 2011 година беше ангажирана во филмот „Thor“, но се повлече од проектот .
„Wonder Woman“ со Израелката Гал Гадот во улогата на бесмртната ќерка на Зевс доби подобри реакции од новите суперхеројски филмови како „Suicide Squad“ и „Batman vs Superman“.
Филмот има најголема заработка во САД, а потоа во Франција, Кина, Велика Британија и во Бразил.


