Легендарниот италијански фудбалер и капитен на Рома,а сегашен директор на “волчицата”, Франческо Тоти, во четвртокот учествуваше во извлекувањето на групната фаза од Лигата на шампионите. Меѓутоа на неговиот поранешен ривал од Јувентус и соиграч од репрезентацијата, Џанлуиџи Буфон, не му донесе среќа.
Јувентус се најде во групата со Олимпијакос и Спортинг, но и со Барселона. Кога Тоти го извлече Каталонскиот гигант, тој не можеше да се воздржи, се насмеа и со раката покажа кон Буфон.
Рома на Тоти ќе игра во групната фаза од Лигата на шампионите, а нивните противници се Челзи, Атлетико Мадрид и Карабаг.


