ВИДЕО Трогателна сцена: Папата Франциско го запре автомобилот за да бакне дете во инвалидска количка

Напуштајќи го аеродромот во Филаделфија, папата Франциско побарал од својот возач да го запре автомобилот за да бакне и да благослови момче кое го поздравувало од инвалидска количка.

papa1

Станува збор за Мајкл Китинг, 10-годишник заболен од церебрална парализа. Иако не ги разбрала зборовите на папата, мајката на Мајкл го разбрала неговиот говор на љубов и добрина.

Таткото на момчето во оваа прилика изјавил дека Мајкл е благослов за неговото семејство бидејќи ги научил на вредноста на прегратките и бакнежите.

Најчитани вести