(ВИДЕО) Цело жири ја пееше „Море сокол пие“, Филип се пласираше во суперфиналето

Вчера вечер се одржа втората полуфинална на „Ѕвездите на Гранд“ во која од десет натпреварувачи само на шестмина им успеа да влезат во суперфиналето.
Филип Божиновски во вториот круг ја изведе „Море сокол пие“ во што воодшевено му помогна целото жири, а потоа одушеви со акапела изведба и нему му се дуплираа гласовите од СМС пораките.
Филип успеа да се пласира за суперфиналето кое ќе се одржи на 12 јули во Скопје.

Македонија ќе има двајца претставници, Филип и Ален Хасановиќ.

Освен Филип во суперфиналето од вчерашаната емисија ќе ги гледаме и Биљана Марковиќ, Сеат Хоџиќ, Наида Бешлагиќ, Харун Мехмедвиќ и Тамара Драгиќ.

 

Извор: Вистина.мк

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести